Македонија гостува во Чешка

Македонија гостува во Чешка

пред 6 месеци

Фото/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Храдец Карлове ќе одигра контролен натпревар со репрезентацијата на Чешка. Македонија се подготвува за настап во следнниот циклус во Лигата на нации, за за Чешка ова ќе биде генерална проба пред почетокот на Европското првенство.

Натпреварот во Храдец Карлове е добро можност за избраниците на Благоја Милевски да го поправат впечатокот од претходниот контролен натпревар во Хрватска, кога Македонија падна без отпор.

Селекторот на располагање ги има сите играчи, со исклучок на капитенот Енис Барди, кој се повреди во последниот натпревар од клупската сезона и не играше ни против Хрватска.

„Неслучајно ги прифативме овие покани за пријателски натпревари, затоа што лично мислам и уверен сум дека ние како тим и репрезентација може да напредуваме ако играме тип на мечеви со поквалитетни ривали од нас, за да го видиме нашиот реален квалитет и домет во моментов.

Од некои моменти не бев задоволен со Хрватска, пред се од второто полувреме, треба да ги елиминираме. Говорам за оние аномалии за трпението, системот и тактичката дисциплина. Физичката подготовка е фактор број еден за да бидете на ниво цели 90 минути, но што е, тука е. Одиме да го извадиме максимумот, иако сме свесни дека е крај на сезоната и заморот е присутен кај играчите, како и проблемите кои ги имаат дел од играчите во клубовите“, изјави селекторот Милевски.

Натпреварот Чешка-Македонија ќе започне во 18 часот.

Share
Scroll to Top