Македонија дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

Македонија дебитира на ЕП, прв противник е Австрија

пред 3 години

Македонската фудбалска репрезентација, денеска, на Националната арена во Букурешт, Романија, ќе дебитира на големите натпреварувања. Прв противник, во Ц-групата, на Македонија од 18 часот ќе и биде селекцијата на Австрија.

Македонија, ни з баражот, како најдобра селекција во Ц-дивизијата, во Лигата на нации, избори пласман на ЕУРО 2020. Голот на Горан Пандев, во Тбилиси против Грузија, го оставари сонот на генерации македонски фудбалери.

Конечно Македонија е во друштвото на најдобрите континентални селекции. Мразот ќе се крши против Австрија, од која Македонија претрпе два порази во квалификациите, а ривали во групата ќе бидат и Украина, односно Холандија.
„Точно е дека работат емоциите, точно е дека сите во Македонија, фудбалерите, навивачи, медиуми, јавност го очекувавме овој момент. И, верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме дека сите погледи во Македонија се насочени кон нас. Јас го прифатив предизвикот на селекторот пред шест години кога дојде во Џенова и ме убеди да се вратам во националниот тим затоа што не чекаат успешни денови. И ми се чини дека тоа беше главно на патот до остварувањето на овој сон. Но, секако и јас и соиграчите сме подготвени да го прифатиме и овој предизвик. Желбата е секако да го демонстрираме максимумот на секој натпревар и да се обидеме да не завршиме со само три меча на шампионатот.

Имаме негативно искуство со оваа репрезентација, но добро ги анализиравме нивните игри последниот период. Знаеме дека не чекат тежок натпревар со една цврста, физички одлично подготвена репрезентација. Но, подготвени сме за надигрување. Онаа победа против Германија донесе самодоверба плус во нашите редови, овие момци се повеќе се свесни за своите квалитети и тоа треба да ни биде дополнителен мотив плус на секој дуел на првенството“, изјави на поседниот прес пред натпреварот капитенот Пандев.

На стадионот во Букурешт фудбалерите ќе имаат поддршка од околу 2.000 македонски навивачи.

Share
Scroll to Top