Летечкиот Македонец, Игор Стефановски со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година.
Тој викендов во Хрватска ја возеше последната трка од шампионатот кој започна на 28.04.2024 во Австрија. На оваа трка заврши трет, а во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1 го освои првото место, по извозени 10 трки низ цела Европа, и тоа низ Австрија, Португалија, Шпанија, Италија, Германија…
Оваа година Иџе се тркаше со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1.
„Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Овој успех, не е само мој, туку на цела Македонија. “-изјави Стефановски.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија се радува на неговиот успех. Ние сме горди што веќе деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.