Малата Едисон, која влета на теренот, откри што и кажал Роналдо

Малата Едисон, која влета на теренот, откри што и кажал Роналдо

пред 3 години

Едисон Вилан, 13-годишното девојче кое влета на теренот по крајот на 0:0 ремито помеѓу Република Ирска и Португалија, и го доби дресот од Кристијано Роналдо, вели дека секогаш ќе се сеќава на зборовите на португалската мегаѕвезда.

Додека осигурувањето на стадионот се обиде да ја спречи, Роналдо покажа класа, гушкајќи го девојчето и подарувајќи го својот дрес. Едисон откри како се одвивала комуникацијата со Роналдо.

„Прво, ја прескокнав бариерата, потоа истрчав на теренот, а зад мене беше обезбедувањето, а од другата страна доаѓаа уште двајца. Затоа трчав колку што можев и одев кон центарот. Кога ме фатија го извикував името на Роналдо. Тој се сврте и им кажа да ме остават. Дојде до мене и бев во шок и плачев и само му кажав: ‘Дали може дресот, јас сум голем фан’. Тој ме прашуваше дали сум океј, а потоа ми го даде дресот, што ми беше остварување на сонот“, вели Едисон за ирската телевизија.

Самата Едисон е фудбалерка, и е дел од У-13 тимот на Шелбурн. Таа откри дека за престапот во Даблин ќе треба да плати казна од 1.000 евра, но дека нејзиниот татко и кажал дека нема да биде проблем.

 

Девојче во Даблин го доби дресот на Роналдо

Share
Scroll to Top