Малку фалело Бензема да не игра синоќа против Челси, а работата ја спасил масерот на Реал

Малку фалело Бензема да не игра синоќа против Челси, а работата ја спасил масерот на Реал

пред 2 години

Реал Мадрид го победи Челси со 1:3 во првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампионите. Херој на „кралевите“ повторно беше Карим Бензема.

Феноменалниот француски напаѓач постигна хет-трик, а малку недостигало да не игра на „Стемфорд бриџ“. Бензема имал необичен проблем пред натпреварот. Ја заборавил пропусницата на стадионот, откри тренерот Карло Анчелоти.

„Му реков дека нема да игра бидејќи ја загуби акредитацијата без која не може да влезе на стадионот. Но, нашиот масер ја спаси ситуацијата. Ја најде акредитацијата на Карим и сите се насмеавме после тоа. Немам ништо премногу да кажам за Карим, тој е навистина фантастичен“, изјави Анчелоти.

Бензема оваа сезона постигна 37 гола на 36 натпревари. Има и 13 асистенции.

Share
Scroll to Top