Мамардашвили посакува трансфер во Англија, одбил понуда од Саудиска Арабија

Мамардашвили посакува трансфер во Англија, одбил понуда од Саудиска Арабија

пред 2 месеци

Саудискиот инвестициски фонд, кој ги финансира трансферите на локалните клубови има желба да го донесе во Саудиска Арабија грузискиот голман, Ѓеорги Мамардашвили (23).

Голманот имаше изворедна сезона во Валенсија, а сето тоа го потврди и на Европското првенство каде Грузија стигна до осминафиналето.

Јасно е дека Грузиецот нема да остане на „Местаља“, поради тоа Валнесија и го донесе во слободен трансфер македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски.

Прашање е само каде ќе Мамардшвили ќе ја продолжи кариерата.

Наводно саудијците били подготвени да издвојат 35.000.000 евра за неговиот трансфер.

Шпанците тврдат дека голманот нема намера да се сели на Блискиот исток, туку дека очекува повик од Премиер лигата.

Во Англија постои интерес за него, иако ниту еден од англиските клубови досега не испратил конкретна понуда.

„Како и да е, Мамардашвили е подготвен да ги чека“, пишува „Релево“.

Share
Scroll to Top