Мамиќ: Динамо можеби нема да постои за три месеци

Мамиќ: Динамо можеби нема да постои за три месеци

пред 4 години

Врховниот суд во Загреб, вчера, им ги потврди затворските казни на браќата Здравко и Зоран Мамиќ.

Зоран, веднаш поднесе оставка на тренерската функција во Динамо Загреб, а Здравко одржа прес-конференција во Мостар. Здравко Мамиќ неколку години живее во Босна и Хрецеговина.

На почетокот на прес-конференцијата рекол дека затворската казна може да ја издржи само во земјата на неговите родители, Босна и Херцеговина.

Според пресудата браќата Мамиќ, даночниот инспектор Милан Пернар и актуелниот директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Дамир Врбановиќ, го оштетиле Динамо Загреб за 116 милиони куни, а државниот буџет за 12,2 милиони куни.

„За мене Динамо е повеќе од живот. Ги молам челниците на клубот, прво да покажат љубов, а потоа да повикаат ревизори во клубот и да спроведат истрага. На тој начин, на браќата Мамиќ би им покажале благодарност. Важно е да се знае кога заминавме од клубот и во каква состојба го оставивме. Лага е дека дека ние сме крадци, криминалци…Направите записник каква е состојбата во клупската каса. Динамо никаде не должи“, рекол Мамиќ.

„Динамо денес вреди 300 милиони евра. Во Динамо 460 луѓе редовно ги добиваат платите. Динамо, годишно уплаќа данок, колку што за пет години плаќаат сите останати во хрватскиот спорт“.

„Кога Зоран и јас бевме на чело на пирамидата, таа пирамида во мандатот на Баришиќ донесе една милијарда инвестиции од Европа. Толку донесовме заедно со раководството во вториот мандат. А што ни направи државата мене , на мојот брат и на Динамо. Сега за загрозени работните места во Динамо и опстанокот на клубот. Динамо можеби нема да постои за три месеци“, рекол Мамиќ во долгиот монолог.

Share
Scroll to Top