Манчестер Сити покажува интерс за Трент Александер-Арнолд

Манчестер Сити покажува интерс за Трент Александер-Арнолд

пред 2 часа

Манчестер Сити активно ја следи ситуацијата околу Трент Александер-Арнолд (ТАА), чија иднина во Реал Мадрид станува сè понеизвесна откако англискиот репрезентативец не успеа да импресионира по трансферот од Ливерпул минатото лето.

Иако изворите од Шпанија велат дека Александер-Арнолд е решен да се бори за своето место, наводно постои растечка фрустрација зад кулисите, од начинот на кој се одвива неговата прва сезона во Шпанија.

Откако пристигна, 27-годишникот започна само пет натпревари во Ла Лига, а шпекулациите околу неговата иднина привлекуваат интерес од други клубови, пишува „TEAMtalk“.

Се шпекулира, дека менаџерите на ТАА, веќе воделе разговори со Манчестер Сити, кои бараат нов десен бек пред летниот преоден рок. Иако сè уште не е направен официјален пристап, вицешампионот од Премиер лигата внимателно ја проценува ситуацијата.

Минатото лето, ТАА потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид кој го обврзува до 2029 година. Затоа, секој трансфер би барал значителна компензација. Реал Мадрид не е под притисок да го продаде, но незадоволството на играчот би можело да отвори врата за преговори ако пристигне вистинската понуда.

Новиот спортски директор на Сити, Уго Вијана, веќе покажа дека не се плаши од големи зделки по јануарските аквизиции на Марко Гуеи и Антоан Семењо, што најавува и смел пристап во следниот преоден рок.

Само неколку клубови можат да си дозволат да го доведат ТАА од Мадрид, а Манчестер Сити е сигурно меѓу нив. Неговото доаѓање би било значаен поттик, со оглед на тоа што додека играше за ривалот Ливерпул, тој се сметаше за еден од најдобрите дефанзивци во Европа, каде што освои осум големи трофеи.

Во 354 настапи за „Црвените“, тој забележа 23 гола и 92 асистенции.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top