Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата

Манчестер Сити потпиша најголем спонзорски договор во историјата на Премиер лигата

пред 14 часа

Манчестер Сити потпиша нов договор со производителот на спортска опрема Puma во вредност од неверојатни 1.18 милијарди евра. Со овој договор, соработката продолжува барем до 2035 година, а годишната вредност на договорот се зголемува на 118 милиони евра, што е значително зголемување во однос на досегашните 77 милиони евра годишно.

Според „Гардијан“, ова е рекорден договор за еден клуб од Премиер лигата, највисокиот ранг на англискиот фудбал, на годишно ниво. За споредба, Манчестер Јунајтед во 2023 година потпиша десетгодишен договор со Adidas вреден околу 1.06 милијарди евра, додека Ливерпул има договор вреден 71 милион евра по сезона.

Откако партнерството со Puma започна во 2019 година, тимот на Пеп Гвардиола освои четири титули во Премиер лигата и стана втората англиска екипа во историјата што ја освоила тројната круна. Претставникот на Сити, Феран Сориано, не го криеше задоволството.

„Се здруживме со Puma со амбиција да се предизвикаме себеси и да ги надминеме очекувањата. Тоа и го постигнавме во изминатите шест сезони“, изјави Сориано. „Денешното обновување го зацврстува нашиот однос и го проектира во уште посветла иднина“, додаде тој, како што пренесува „Гардијан“.

Puma е исто така партнер и на другите клубови кои се дел од City Football Group, меѓу кои се: Мелбурн Сити, Палермо, Боливија…

Фото: ЕПА

Share
Scroll to Top