„Марка“: Реал е селски тим без Крос и Модриќ

„Марка“: Реал е селски тим без Крос и Модриќ

пред 4 години

Карим Бензема, вчера го спаси Реал од пораз против Елче. Францускиот напаѓач, со два гола ја поништи предниста на Елче. Бензема голот за победа го постигна во 92.минута. „Марка“ во својот коментар ја истакнуца важноста на Лука Модриќ и Тони Крос за овој тим на Реал.

Зинедин Зидан, против Елче започна со комбиниран тим и тактика 3-5-2. По голот на Елче, на теренот ги внесе Крос и Модриќ. До крајот Реал успеа да направи пресврт.

„Без Крос и Модриќ Реал е селска екипа“, е насловот во највлијателниот спортски медиум во Шпанија.

„Кога ги нема Крос и Модриќ, овој тим на Реал не може да го држи ритамот ниту пртив слаб тим каков што е Елче. Првите 60 минути без нив двајца беа грозни. Очигледно дека нивните замени немаат ни пола од нивните квалитети. Модриќ и Крос се толку моќни, што кога се на теренот лесно ја водат играта и го диктираат темпото. Без овие двајца Реал нема идеја во играта. Откако влегоа на теренот Реал започна да личи на тим. Зидан повеќе го нема луксузот да игра без нов двајца“, пишува „Марка“.

Share
Scroll to Top