Маркез: Тешко е да прифатиш дека другите се побрзи од тебе!

Маркез: Тешко е да прифатиш дека другите се побрзи од тебе!

пред 3 години

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез признава дека стравувал дека нема да има „нормална“ рака по повредата која ја жиживеа во Херез минатата година.

Возачот на „Хонда“ на почетокот на минатата сезона доживеа тешка несреќа, по што мораше да му биде оперирана надлактицата. Се обиде брзо да се врати на патеката, но се појавија дополнителни проблеми, па мораше повторно да оди кај хирург.

Паузираше 9 месеци, а на натпреварите се врати во април годинава.

„Мотивиран сум повеќе од било кога, затоа што првпат во кариерата се соочив со ваква ситуација. Во вакви моменти потребно е да се покаже потенцијал. Кога оди добро, сите се задоволни. Но кога е тешко, тогаш мора да се борите.
Најлесно е да се застане, но тоа не е мој стил. Во овој момент не уживам на мотоциклот, туку патам“ вели Марк Маркез.

Отворено зборува за стравот да не не успее да се опорави како што треба.

„Се плашев дека раката нема да ми се опорави, дека нема да имам `нормална` рака. Во октомври или ноември, кога не можев да подигнам шише со вод бев преплашен“ вели тој.

Шпанецот во моментов е 11-ти во МотоГП генерален пласман со 59 бода. Најдобриот резултат сезонава го имаше на трката за ГН на Германија кога дојде до првите бодови по пауза од 19 месеци.

„Цело време ми недостасува чувството кое го носи победата. Станувате зависен од тоа. Тешко е да се прифати дека другите се побрзи од тебе!“ смета Маркез.

Share
Scroll to Top