Маркињос титулта им ја посвети на Тијаго Силва, Ди Марија, Ибра, Кавани…

Маркињос титулта им ја посвети на Тијаго Силва, Ди Марија, Ибра, Кавани…

пред 2 дена

Маркињос, капитенот на ПСЖ беше еден од првите играчи кои пристигнаа во клубот во ертата на катарските газди. Бразилецот 13 години чекаше и дочека да го освои највредниот пехар во Лигата на шампионите.

Маркињос плачеше, но од тага во 2020 година кога во Лисабон, ПСЖ го загуби финалето од Баерн. Плачеше и во Минхен, овој пат од среќа, ПСЖ конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Го направи тоа на импресивен начин, го декласира Интер во финалето со 5:0.

„Тоа е мешавина од радост и сите емоции што ги живеевме заедно. Страдав, но пораснав со овој тим. Мислам на сите играчи кои дојдоа и си заминаа и не успеаја. Моите идоли, Тијаго Силва, Лукас Моура, Златан, Кавани, Ди Марија… Толку многу играчи беа тука, го заслужија тоа, а не успеаја. Денес дојдовме ние и го носиме пехарот дома. Мислам на сите навивачи кои беа со нас, оние на „Паркот на принцовите“ и низ целиот свет. Ве сакам, уживајте и ние ќе уживаме“, рече Маркињос и дополни.

„Ова е најдобриот ден во мојот живот. Моето семејство беше со мене и го живееше ова со мене. Ова беше голема цел. Кога дојдовме, никој не веруваше дека можеме да стигнеме до тука. Тоа се дванаесет години маки и страдања. Премногу ја ценам оваа титула, сега е наша и ја носиме дома. Многу сум среќен“.

Share
Scroll to Top