Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј.
Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба.
Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство.
Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го привлече вниманието на голем број клубови. Вкупно, минатата сезона постигна 18 голови и имаше 14 асистенции во 47 натпревари во сите натпреварувања.
Лидс исто така беше заинтересиран за него, но на крајот Паишао се одлучи за познатиот француски клуб од „Велодром“.