Мартинес уште пет години ќе биде во Астон Вила

Мартинес уште пет години ќе биде во Астон Вила

пред 1 месец

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го продолжи договорот со Астон Вила.

Легендарниот Дибу ваквата успешна кариера ја продолжува во тимот од Бирмингем со кој минатата сезона избори пласман во Лигата на шампионите.

Мартинез моментално е еден од најдобрите голмани во светот. Ова особено се однесува на настапите во репрезентацијата на Аргентина, со која ги освои Светското првенство и Копа Америка.

Аргентинецот во тимот на Астон Вила дојде во 2020 година и според новиот договор ќе остане во тимот до 2029 година.

Пред тоа, тој помина речиси осум години во тимот на Арсенал, но за сето тоа време одигра само 15 натпревари, додека кариерата најмногу ја мина на позајмица во други клубови.

Share
Scroll to Top