Матјаж Кек негира дека ќе биде селектор на Македонија

Матјаж Кек негира дека ќе биде селектор на Македонија

пред 6 часа

Дел од месиумите во Словенија и Македонија, вчера објавија дека тренерот на Риека, Матјаж Кек, е главен кандидат за наследник на Гоца Седлоски, чија позиција е сериозно загрозена по катастрофалните резултати на македонскиот национален тим во Лигата на нации.

Според информациите од словенечките новинари, контактите меѓу Кек и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе се воспоставени, а беше објавено и дека постои можност дури и да е постигнат принципиелен договор. Кек го негира тоа.

„Немаше никаков контакт, не добив никаков повик од Македонија. Да имаше, моето семејство и претседателот Дамир Мишковиќ први ќе го дознаеја тоа. Не дојдов во Риека на три месеци. Имаме проблеми, но правиме сè за да ги решиме“, рече Кек, како што објави „Нови лист“.

Репрезентацијата на Македонија регистрираше шест порази во шест натпревари од групата Б1 на Лигата на нации, со гол-разлика 1:15.

За време на својата тренерска кариера, Кек двапати ја водеше словенечката репрезентација. Во првиот мандат ја однесе на Светското првенство во 2010 година, додека во вториот мандат се квалификуваше за Европското првенство во 2024 година.

Тој се врати на клупата на Риека во јуни оваа година, откако веќе го водеше клубот од 2013 до 2018 година. Во својот прв мандат, тој постигна историски успех со освојувањето на првенството и Купот на Хрватска во 2017 година.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top