Мафијата сакала да го киднапира Ван Бастен, се откажале за да не му помогнат на Интер против Милан

Мафијата сакала да го киднапира Ван Бастен, се откажале за да не му помогнат на Интер против Милан

пред 1 час

Марко Ван Бастен е една од најголемите легенди на светскиот фудбал, а својата кариера ја одбележа играјќи само за два клуба. Професионална кариера ја започна во Ајакс во 1981 година, пред да се пресели во Милан во 1987 година, каде што остана до крајот на кариерата во 1995 година.

Во ерата на Силвио Берлускони, Холанѓанецот беше клучен играч и најголема ѕвезда на тимот со кој освои три титули во италијанското првенство и два Купа на шампиони.

Со холандската репрезентација стана европски шампион во 1988 година, а неговиот гол во финалето против СССР се паменти како еден од најубавите во историјата. Три пати ја освои престижната Златна топка – во 1988, 1989 и 1992 година.

Врската помеѓу италијанскиот фудбал и организираниот криминал беше особено изразена во периодот кога и Ван Бастен играше во Серија А.

Во неодамнешно интервју за „Кориере дела Сера“, поранешниот мафијаш Џампаоло Манка откри дека познатиот фудбалер бил цел на Ренато Валанзаска, водачот на криминална организација што дејствувала во регионот Венето.

„Бевме многу поврзани еден со друг, а Ренато, како и јас, беше голем обожавател на Милан. Ми кажа дека планира да го киднапира Марк ван Бастен и да побара откуп. Неговите луѓе го следеле играчот со месеци“, призна Манка.

И покрај неколкумесечните подготовки, на крајот Ренато Валанзаска, се откажал од киднапирањето.

Причината била неверојатна – Валанзаска бил голем навивач на Милан, па заклучил дека ако го киднапира Ван Бастен ќе му направи услуга на градскиот ривал Интер.

Манка, кој денес има 72 години, половина од својот живот го поминал зад решетки. Пред затворот, го тероризирал регионот Венето со организацијата Мала дел Брента. Неговата криминална кариера вклучувала грабежи, киднапирања, убиства и трговија со оружје и дрога. Италијанската полиција го барала речиси 20 години, а конечно бил уапсен во 1993 година.

Share
Scroll to Top