Реал Мадрид, утре на „Етихад“, ќе му гостува на Манчестер Сити, во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите. Тимот од Мадрид, по првиот натпревар, одигран минатата среда, стекна предност од три гола.
Реал го објави списокот на патници за Манчестер, а на него се наоѓаат Килијан Мбапе и Џуд Белингем, кои го пропуштија првиот натпревар во Мадрид.
Сепак, според шпанските медиуми, тоа не значи дека двајцата дефинитивно ќе бидат во почетниот состав на „Етихад“.
Килијан Мбапе вчера го одработи првиот целосен тренинг со своите соиграчи, што не го пропуштија шпанските медиуми. Со оглед на тоа што не играл од 21 февруари поради проблем со коленото, прашањето е колку е подготвен за сите предизвици што ќе ги донесе натпреварот во Англија.
Истото важи и за Џуд Белингем, кој имаше уште подолга пауза. Последен пат беше на теренот на 1 февруари против Рајо Ваљекано, кога го повреди грбот.
Тука е уште еден рековалесцент, Алваро Карерас. Тој имаше повреда на листот, поради што ги пропушти последните два натпревари.
Foto/ depositphotos
¡Nuestros convocados!
@ManCityES pic.twitter.com/vVN4RoIk6R
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) March 16, 2026


¡Nuestros convocados!





