Медведев до судијката: Човеков ти се смее, ова ќе излезе на Тенис ТВ

Медведев до судијката: Човеков ти се смее, ова ќе излезе на Тенис ТВ

пред 3 години

Рускиот тенисер Данил Медведев имаше шуо на теренот, во текот на мечот против Александар Бублик во Торонто. Светскиот број 2 и прв носител во Торонто, во три сета, по голема борба го елиминираше Александар Библик со 4/6, 6/3, 6/4.

Медведев, во текот на мечот постојано комуницираше со судијката. Најпрвин влезе во долга конверзација, кога не доби дозвола да оди во соблекувалната за да се пресоблече.

И рекол дека тој не се срами да се соблече пред публиката, но дека е глупаво да го направи тоа. Потоа му беше одземен поен, бидејќи зборуваше додека се играше поенот.

На крајот, по еден смеч го погоди Бублик, се извини додека траеше поенот, па сидијката му го одзеде и тој поен.

„Дали можеш да го замислиш ова? Го имав топчето на рекетот, за смеч. Ти немаше што да удриш. Дали можеш да замислиш колку е глупаво што таа го направи ова?“, му рекол Медведев на Библик, кој започна да се смее.

Потоа рускиот тенисер и се обратил на судијката.

„Погледни што направи, човеков ти се смее. Ова ќе излезе на Тенис ТВ“.

Share
Scroll to Top