Слободниот агент Кармело Ентони се договорил со Лос Анџелес лејкерс за едногодишен договор, потврди неговиот менаџер Беј Фрејзер, пристигнувајќи во тимот кај неговиот добар пријател Леброн Џејмс.
Ентони, кој е ветеран од 18 НБА сезони, минатата сезона влезе во топ 10 стрелци во НБА лигата, враќајќи ја репутацијата со две години во Портланд откако паузираше една година по лошиот настап за Хјустон рокитс. Ентони имаше просек од 13.4 поени во 24.5 минути игра, со најдобар скор во кариерата од 40.9 отсто за тројки.
37-годишниот Ентони пристигна во НБА заедно со Леброн Џејмс во славниот драфт во 2003 година и двајцата оттогаш се блиски пријатели. Ентони, кој во кариерата заработи над 260 милиони долари само од плати, е десеткратен НБА Ол-стар и трикратен освојувач на олимписко злато, но нема голем успех во плејофот – во 13 настапи стигна само еднаш до конференциското финале.