Меси сака да ја предводи Аргентина на ОИ

Меси сака да ја предводи Аргентина на ОИ

пред 7 месеци

Лионел Меси планира да ја предводи Аргентина на Олимписките игри во Парзи. Претходно, Меси со сениорската репрезентација ќе ја брани титулата на Копа Америка.

Аргентина е во група со Канада, Чиле и Перу.

Меси во колекцијата има златен олимписки медал од Игрите во Пекинг во 2008 година, кога Аргентина во финалето ја победи Нигерија со голот на Анхел Ди Марија.

Извесно е дека Интер Мајами нема да го спречи Аргентинецот да настапи на Олимписките игри. На фудбалскиот турни на Игрите право на настап имаат фудбалери до 23 години, но секој селектор може да пријави тројца фудбалери над оваа старосна граница.

На овој начин Меси би се вратил во Париз, каде мина две сезони во дресот на ПСЖ, а сигурно е дека Олимписките игри би биле неговиот последен голем турнир за репрезентацијата.

ОИ се закажани веднаш по Копа Америка, од 26 јули до 11 август.

Share
Scroll to Top