Ракометниот клуб Металург, по непланираниот пораз од Пролет (26:29) во Супер лигата, му врачи отказ на тренерот Оливер Димитриоски.
“Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски“, соопшти клубот.
Во наредните неколку дена клубот ќе го именува наследникот на Димитриоски.
Фото/rkmetalurg.mk