Меч на сезоната во Евролигата – Четири продолженија и победа на Реал над Ефес

Меч на сезоната во Евролигата – Четири продолженија и победа на Реал над Ефес

пред 10 месеци

Кошаркарите на Реал Мадрид и Ефес ја испишаа историјата на Евролигата, го одиграа најдолгиот натпревар, кој по четири продолженија го доби Реал со 130:126.

Ова беше прв натпревар во елитното натпреварување кој се играше 60 минути. Значи, практично три половини.

Она што се случи во петокот вечерта во Мадрид, во 60 минути ефективна кошарка, тешко може да се опише со зборови. Особено тоа важи за последните две минути од второто прдолжение кога Реал се врати по негативата од девет поени и со поените на Хезоња избори ново продолжение.

Вистинските возбудувања започнаа на крајот од регуларниот дел од натпреварот, најава за лудилото кое следувашњ, кога Ларкин кон крајот на тој период (81:81) промаши тројка за победа.

По крајно неизвесна битка, извонредна кошарка и резултатски промени, Реал имаше шанса да ја заврши работата во првото продолжение, но Марио Хезоња промаши отворена тројка за победа – борбата продолжи и во второто продолжение.

Се чинеше дека нема да играат подолго од тоа кога Ефес водеше со 102:93 (врзаа тројки од Ларкин, Плајс и Томпсон), но гостите ја испуштија таа предност. Поточно Реал го покажа својот неуништлив карактер, како и многупати до сега.

Хезоња потоа се искупи за промашената тројка – со поени во последната секунда од второто продолжение, со што мадриѓаните го добија третото продолжение.

Се чинеше дека Реал ќе има повеќе свежина и концентрација за конечно да ја „скрши“ играта на една страна, но секој што мислеше дека Ефес ќе „падне“ тогаш, во критичните моменти од третото продолжение, згреши.

Шејн Ларкин, на врвот на новото возбудување, промаши флотер (над Таварес) на крајот од третото продолжение, топката едноставно не сакаше да мине низ обрачот

Џанан Муса заедно со Хезоња беше најзаслужен за нереалниот триумф. Кошаркарот од Босна и Херцеговина го одигра мечот на кариерата кој го заврши со 40 поени и индекс 46.

Хезоња постигна 31 поен и седум тројки. Факундо Кампацо мечот го заврши со 25 поени и 11 асистенции, додека Таварес придонесе за лудата победа на Реал со 20 поени. Остатокот од тимот постигна вкупно 14 поени.

Кај гостите блескаше Шејн Ларкин со 32 поени (6 тројки), Дариус Томпсон додаде 21, Мајк Даум 15, Ден Отуру имаше поен помалку, Елајџа Брајант постигна 13 поени, а Родриг Бобоа постигна 10.

Share
Scroll to Top