Милан се договори со левиот бек на Бетис

Милан се договори со левиот бек на Бетис

пред 12 месеци

Милан конечно најде алтернатива за Тео Ернадез на позицијата лев бек. Прашање е само дали тој ќе го заисли клубот во јануари или во летниот преоден рок ќе пристигне на „Сан Сиро“ како слободен играч.

Според италијанските медиуми, „росонерите“ постигнале договор со левиот бек на Бетис, Хуан Миранда.

Доколку Шпанецот дојде во јануари, тогаш Милан ќе мора да плати четири милиони евра, во споритвно Милан ќе го добие бесплатно во летниот преоден рок.

Работата е завршена, Миранда има договор со Милан до 2029 година. По сезона ќе заработува 1,8 милиони евра. Од „Сан Сиро“ својот дел од работата го завршија, сега се чека одлуката на Бетис.

Миранда потекнува од академијата на Барселона, доколку Бетис реши да го продаде во јануарскиот преоден рок, 40 отсто од обесштетувањето кое изнесува четири милиони евра, ќе се слеат во касата на Барселона.

Share
Scroll to Top