Милан ја преполовиле загубата, следната година и поголеми приходи!

Милан ја преполовиле загубата, следната година и поголеми приходи!

пред 3 години

Милан „растат“ и надвор од теренот, откако „Ла газета дело спорт“ тврди дека славниот италијански клуб успеал да ги преполови загубите и очекува зголемен приход следната година.

Според весникот, Милан, кои се на една победа од осигирување на враќање во Лигата на шампионите по цела деценија, се подобруваат и надвор од теренот. Минатиот јуни, „росонерите“ имале загуба од 195 милиони евра, а оваа година загубата е намалена на „само“ 95 милиони евра.

Ова е зачудувачка вест бидејќи речиси сите големи европски клубови забележуваат зголемување на трошоците и загубите поради пандемијата на корона вирусот. Заштедата од платите осигурала буџетот да се подобри за 110 милиони евра, а новите спонзори го зголемиле приходот, така што со отворени стадиони следната сезона, очекуваат приход од 50 милиони евра, а покрај тоа ќе добијат дополнителни 50 милиони евра ако влезат во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top