Милевски призна дека згрешил со формацијата и почетниот состав

Милевски призна дека згрешил со формацијата и почетниот состав

пред 2 часа

Фудбалската репрезентација на Македонија и го препушти првото место на Белгија во квалификациската група Ј, за пласман на Светското првенство, откако одигра скромни 1:1 со Казахстан во Скопје.

Македонија е втора во групата со бод помалку од Белгија и три бода повеќе од Велс, но овие две селекции имаат натпревар помалку. Со оглед на распоредот што го има Белгија јасно е дека тие први ќе ја минат целта, додека Македоноја, во ноември, во Велс, во директен дуел со домаќинот ќе се бори за место во баражот.

Првото полувреме Македонија го одигра лошо и тој период го одреди понатамошниот тек од натпреварот.

Селекторот Благоја Милевски ја призна грешката, рече дека направил грешка со почетниот состав. Во неговата омилена формација 3-5-2, играше Рисотвски и Миовски.

„Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за се што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел, поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро“, изјави Благоја Милевски на прес-конференција.

Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top