„Милионерите“ за ЛШ ќе пријават 16-годишник кој веќе заработи 10 милиони

„Милионерите“ за ЛШ ќе пријават 16-годишник кој веќе заработи 10 милиони

пред 4 години

Борусија Дортмунд планира за Лигата на шампиони да го пријави 16-годишниот Јусуф Мукоко кој е јуниорски рекордер по бројот на постигнати голови.

Мукоко веќе две години е една од најголемите ѕвезди во У-17 германската фудбалска репрезентација. Постигна 28 гола на 40 меча.

„Вистина е, планираме Јусуф да го регистрираме за Лигата на шампиони преку Б-листата“ рече спортскиот директор на Борусија, Михаел Зорц.

Мукоко на 20. идниот месец ќе наполни 16 години, а 4 дена потоа може да дебитира за првиот состав на германскиот вицешампион, на мечот против Клуб Бриж. Со тоа Мукоку може да стане најмладиот дебитант во ЛШ.

На тој начин би го надминал Нигериецот Селестин Бабајаро кој за Андерлехт против Стеауа дебитираше во ЛШ со 16 години и 87 дена.

Младиот напаѓач од зимоска тренира со првата екипа и го чека 16-тиот роденден за да може да биде регистриран како професионален фудбалер.

Роден е во Камерун, а Германците во него гледаат еден од најдобрите светски напаѓачи. Очекувањата за него се големи, а уште отсега „Најк“ му даде спонзорски договор вреден 10 милиони долари.

Share
Scroll to Top