Мо Салах има нов клуб

Мо Салах има нов клуб

пред 4 часа

Легендарниот египетски фудбалер Мохамед Салах кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во клубот Ал-Ахли.

По девет години во Ливерпул, бројни трофеи и срушени рекорди, Мохамед Салах се збогува со дресот на „црвените“ и се впушта во нови предизвици. Негов нов клуб е Ал-Ахли.

Според информациите што доаѓаат од Саудиска Арабија, Салах ги договорил условите со овој клуб. Деталите, барем засега, не се познати, но се претпоставува дека станува збор за еден од најголемите договори во светот на фудбалот.

Салах ќе го замени Ријад Марез во Ал-Ахли. Неговото заминување е планирано по три години во клубот, иако е под договор до летото следната година.

Трансферот на Салах во Саудиска Арабија ќе биде официјализиран по Светското првенство, кога Египќанецот ќе отпатува во Ријад за да го потпише договорот.

34-годишниот напаѓач одигра 442 натпревари за Ливерпул во претходните девет години со учинок од 257 гола и 123 асистенции.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top