Модриќ се договорил со Реал, ќе потпише нов договор

Модриќ се договорил со Реал, ќе потпише нов договор

пред 4 години

Лука Модриќ ќе остане уште една сезона во Реал Мадрид, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

„Договорот е постигнат, треба да се испеглаат уште последните детали. Лука ќе остане во Реал, наскоро ќе биде потпишан договорот“, пишува Романо на „Твитер“.

Модриќ се согласил, наредната сезона да игра за помала плата. Според актуелниот договор Хрватот заработува годишно нешто повеќе од 10 милиони евра.

За разлика од Модриќ, договори на една година и со помала плата одбиле Серхио Рамос и Лукас Васкез.

Share
Scroll to Top