Србија и Хрватска, доколку се квалификуваат на кошаркарскиот турнир што ќе се одржи на Олимписките игри во Токио, ќе играат во иста група.
Потенцијалниот дуел на големите ривали е планиран во Б-групата, во која се уште и Нигерија, односно Австралија. Актуелните шампиони, репрезентативците на САД, одбраната на златото ќе го започнат во А-групата, во која се Иран, Франција и победникот на турнирот во Канада.
Група А: Иран, Франција, САД, победник на турнирот во Канада
Група Б: Австралија, победникот на турнирот во Хрватска, победникот на турнирот во Србија, Нигерија
Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, победникот на турнирот во Литванија
Турнирот во Токио на програмата е од 25.јули до 7.август.
Квалификациите ќе се играат од 29.јуни до 4.јули.
Во Белград ќе играат Србија, Доминиканската република, Нов Зеланд, Порторико, Италија и Сенегал.
Во Сплит покрај Хрватска ќе учествуваат Германија, Русија, Мексико, Тунис и Бразил.
Во Каунас Литанија ќе им биде домаќин на Јужна Кореја, Венецуела, Полска, Словенија и Ангола.
Покрај Канада во Викторија ќе играат Грција, Кина, Уругвај, Грција, Чешка и Турција.