Српската фудбалска репрезентација утре на „Вембли“, со новиот селектор, Вељко Пауновиќ, ќе и се спротивстави на Англија во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Пауновиќ, официјално функцијата ја презеде минатиот понеделник од Драган Стојковиќ Пикси. Во пресрет на натпреварот, порталот „Foot mercato“, пишува дека пред да го ангажира Пауновиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија го контаактирал Тијаго Мота.
Според овој извор, натурализираниот Италијанец ја одбил понудата, бидејќи бил заинтересиран за работа само во клупски фудбал.
Мота потпиша тригодишен договор со Јувентус во летото 2024 година, а бидејќи беше отпуштен од најтрофејниот италијански клуб веќе во март, тој е должен да му плаќа до истекот на договорот или до моментот додека тој не најде нова работа.
Ова значително ги одредува амбициите на човекот кој се истакна на клупата на Болоња во текот на предминатата сезона, иако во меѓувреме доби покани од Монако, Реал Сосиедад, Аталанта, Вулверхемптон и Ајакс.






