Мото ГП ќе се вози низ улиците на Аделаида

Мото ГП ќе се вози низ улиците на Аделаида

пред 2 часа

Трката за Големата награда на Австралија во шампионатот Мото ГП од 2027 година ќе се вози низ улиците на Аделаида, објавија организаторите на натпреварувањето.

Во соопштението се наведува дека договорот е потпишан до 2032 година, а Аделаида ќе ја замени легендарната патека „Филип Ајленд“ во Мелбурн.

Организаторите на Големата награда на Австралија објавија дека трката ќе се одржи во центарот на Аделаида со „бескомпромисни безбедносни стандарди потребни во модерната ера на овој спорт“.

Првата Голема награда на Австралија во Аделаида ќе се одржи во ноември 2027 година.

Патеката ќе биде долга приближно 4.195 километри и ќе има 18 кривини низ градските улици, што им овозможува на возачите да достигнат брзина поголема од 340 километри на час.

Организаторите изјавија дека дизајнот на патеката го следи распоредот на познатата патека во Аделаида, која беше домаќин на трки од Формула 1 од 1985 до 1995 година, со значителни прилагодувања потребни за да се обезбеди безбедноста на возачите.

Големата награда на Австралија оваа година ќе се одржи на 25 октомври во Мелбурн.

Новата сезона во шампионатот Мото ГП започнува на 1 март со Големата награда на Тајланд. Титулата ќе ја брани Марк Маркез.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top