Мурињо 12 години не успеал да добие двомеч во нокаут фазата во ЛШ

Мурињо 12 години не успеал да добие двомеч во нокаут фазата во ЛШ

пред 2 часа

Жозе Мурињо повторно беше елиминиран во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Неговата Бенфика испадна од Реал Мадрид во бурниот двомеч во кој на Мурињо не му беше дозволено да биде на стадионот во реваншот. Португалскиот тренер, доби црвен картон во првиот натпревар, поради бурни протести.

Верувале или не, поминаа 12 години откако Мурињо, со некој клуб успеал да мине понатаму во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Последен пат тоа се случи во сезоната 2013/14, кога стигнаа до полуфиналето, а во четвртфиналето го елиминираа Пари Сен Жермен.

Челзи беше поразен во Париз со резултат од 3:1, единствениот гол за „сините“ го постигна Еден Азар од пенал, но голем пресврт следеше во реваншот. Челзи победи со 2:0, Андре Ширле го постигна првиот гол во 32-та минута, а во 87-та Демба Ба постигна гол за пласман во полуфиналето. Тогаш важеше правилот гол во гости.

Сепак, во борбата за место во финалето, Атлетико Мадрид беше подобар од Челзи. По 0:0 во Мадрид, Челзи загуби со 1:3 на „Стемфорд Бриџ“.

Тогаш започна негативната традиција на Мурињо, која продолжува до ден-денес.

Подоцна, Мурињо ретко стигнуваше до елиминациската фаза од Лигата на шампионите. Прво, ПСЖ му се одмазди веќе во следната сезона 2014/15 во осминафиналето, а во истата рунда беше елиминиран и со Манчестер Јунајтед од Севилја во 2018 година, а не успеа ниту со Тотенхем против Лајпциг во 2020 година.

Треба да се напомене дека во овој период, Мурињо ја освои Лигата на Европа со Јунајтед и Конференциската лига со Рома.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top