Мурињо го носи Матиќ во Рома

Мурињо го носи Матиќ во Рома

пред 4 години

Немања Матиќ е еден од омилените фудбалри на Жозе Мурињо. Португалскиот тренер и српскиот фудбалер имаа успешна соработка во Челси, а потоа и во Манчестер јунајтед. Италијанските медиуми тврдат дека Матиќ ќе биде првото засилување на Рома, во ерата на Мурињо.

Рома веќе ги контактирале колегите од Манчестер јунајтед во врска со трансферот на 32-годишниот фудбалер од редот за врска.

Матиќ има договор со Манчестер јунајтед до јуни 2023 година.

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе ја предводи Рома, со „волчицата“ тој потпишал тригодишен договор.

Share
Scroll to Top