Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

пред 9 часа

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа прес конференција.

Националните шампионати се враќаат по три неделна пауза, поради настапите на репрезентациите.

Во првиот меч, против Турција, се повреди Килијан Мбапе, по што медиумите внимателно го следеа секој негов потег.

Каде беше, што правеше, кога тренираше, со кого се возеше… Жозе одлучи јавно да го осуди таргетирањето на неговиот најдобар играч.

„Ако ги гледате работите од тој агол, не се осврнувам на никого конкретно, тогаш честитки. Всушност, мислев дека имаше доволно материјал од светот на фудбалот во последните недели, но се чини дека не беше доволно. Дури ни мега случајот со Сити, или тешката ситуација во мојата земја со Кристијано и тренерот. Толку многу случаи што би можеле да ве охрабрат во работата, но не беше доволно. Реал Мадрид е Реал Мадрид и секогаш мора да пронајдете нешто“, рече Мурињо и заклучи за обвинувањата за Мбапе:

„Беа смешни.“

Португалецот тврди дека сите работеле напорно во претходните 20 дена и дека клубот го следел секој играч.

„За мене, играчот е играч, 24 часа на ден. Ако момците направат нешто во својот приватен живот, тоа секогаш има последици. Фудбалерот е исто така човечко суштество кое може да направи грешка тука и таму, но секогаш има чувство на одговорност. Во овој период, играчите на Реал Мадрид беа примерни во своето професионално однесување. Тие работеа за да останат во форма. Сè беше совршено дефинирано и ние следевме сè. Секој што патуваше ги следеше упатствата… И повредените играчи дојдоа во Валдебебас, добија дијагноза и продолжија со закрепнувањето. На пример, Арда… кој се повреди на последниот натпревар, му дадов два дена одмор“, додаде Португалецот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top