Барселона се уште има финансиски проблеми, истекува времето за Каталонците да ги обезбедат потребните средства од продажбата на „Барса студио“, поради што во клубот се подготвени да ги слушнат понудите за речиси сите играчи.
Барселона, треба да инкасира уште 40 милиони евра од германскиот инвестициски фонд „Либеро“, една од компаниите на која и продадоа процент од својата подружница, а неможноста да најдат уште еден инвеститор кој ќе плати веднаш по потпишувањето на договорот е проблем со кој е соочен клубот.
Во Барса веќе се помириле со дека „Либеро“ нема да ги плати тие 40 милиони евра, поради што клубот веќе неколку недели бара алтернативен купувач.
Порталот „Релево“ пренесува дека заинтересирани на пазарот нема, поради што клубот во јануари е подготвен да ги слушне понудите за најголем дел од фудбалерите.
Роберт Левандовски (интерес од Саудиска Арабија), Жил Кунде, Рафиња и Андреас Кристенсен се истакнати како потенцијални опции за продажба.
Не е големо изненадување што овие четворица играчи се поврзуваат со заминување, со оглед на тоа што првите тројца се во лоша форма, а данскиот дефанзивец повеќе не е прв избор на тренерот Чави.
Барселона моментално е трета во Ла Лига со седум бода помалку од Реал Мадрид и девет бода од лидерот Џирона.