На Госенс повеќе не му треба дресот на Роналдо

На Госенс повеќе не му треба дресот на Роналдо

пред 3 години

Робин Госенс, фудбалерот на Аталанта, одигра брилијантен натпревар во победата на Германија над Португалија (4:2). Госенс, беше ирач на натпреварот со гол и две асистенции. Фудбалерто на Аталанта, ја уништи десната страна португалскиот тим.

Госенс, пред неколку месеци, предизвика бура во јавноста кога во автобиографијата откри дека поцрвенел од срам кога не добил дрес од Кристијано Роналдо.

„Го прашав: ‘Крстијано дали можам да го добијам твојот дрес?’ Не ме погледна, само кажа: ‘Не’. Поцрвенев од срам“, напишал Госенс.

Слатка одмазда е денешната победа на Германија над Португалија, која во целост ја обележа Госенс.

На новинарско прашање дали сакал да го размени дресот со Роналдо, Госенс рекол.

„На крајот, не, не му го побарав дресот. Сакам и вечерва да уживам во победата. На навивачите на Аталанта сакам да им порачам дека ги сакам и дека наскоро ќе се видиме“.

Share
Scroll to Top