На Италија и судеше во поразот од Македонија, сега ќе го суди и клучниот меч во Зеница

На Италија и судеше во поразот од Македонија, сега ќе го суди и клучниот меч во Зеница

пред 2 часа

Решавачкиот натпревар од плејофот за пласман на Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Италија, кој е закажан за вторник, ќе го суди француски судиски тим предводен од Клемент Турпан.

Назначувањето на Турпан не буди убави спомени во Италија. Имено, тој беше судија во поразот од Македонија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2022 година. Тогаш Александар Трајковски, во последната минута го реши натпреварот во Палермо.

Тоа беше еден од петте натпревари на италијанската репрезентација каде Турпан ја делеше правдата.

Претходно тој судеше во победата од 3-0 против Уругвај во пријателски натпревар во 2017 година, победата од 2-0 над Полска во Лигата на нации 2020, пораз од 3-1 од Англија во квалификациите за ЕУРО 2024 и победа од 3-0 против Израел во раните фази од овие квалификации за Светското првенство.

Оваа сезона, Турпин судеше 12 натпревари во француската Лига 1, шест во Лигата на шампионите и два во квалификациите за тоа натпреварување. Тој исто така судеше два натпревари во првенството на Обединетите Арапски Емирати и по еден во првенството на Саудиска Арабија и во Купот на Франција.

Единствениот натпревар на италијански клуб што го водеше оваа сезона беше поразот на Наполи од Челзи со 3:2 во Лигата на шампионите.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top