Килијан Мбапе продолжува да го пишува своето име во историјата на фудбалот. Францускиот ас блеска и оваа сезона во дресот на Реал Мадрид, а за време на репрезентативната пауза постигна гол во победата на Франција над Азербејџан со 3-0.
Со овој погодок, Мбапе стигна до бројката од 53 гола за репрезентацијата, и сега му недостигаат само пет за да го престигне Оливие Жиру (57) и да стане најдобар стрелец во историјата на Франција.
Но тоа не е единствениот рекорд што го брка. Капитенот на „триколорите“ има 12 гола на Светските првенства и е на чекор од историја – само пет му недостигаат за да го престигне Германецот Мирослав Клосе, кој со 16 погодоци е најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите.
Од активните фудбалери пред него е само Лионел Меси со 13 гола, но останува неизвесно дали Аргентинецот ќе игра на СП 2026.
Ако Мбапе го задржи сегашниот ритам, Мундијалот во САД, Канада и Мексико може да биде местото каде што ќе испише нова страница во фудбалската историја.