Навивачите му порачаа на Гвардиола: Сакаме да останеш

Навивачите му порачаа на Гвардиола: Сакаме да останеш

пред 3 месеци

Навивачите на Манчестер Сити за време на денешниот натпревар против Фулам во Премиер лигата истакнаа транспарент со кој го замолија тренерот Пеп Гвардиола да остане во фудбалскиот клуб.

Навивачите на Сити кренаа транспарент на кој на каталонски пишуваше: „Pep Guardiola — Volem Que Et Quedis!“, (Пеп Гвардиола – Сакаме да останеш).

Договорот на Гвардиола истекува на крајот од сезоната, а тој се уште не донел одлука дали ќе остане на „Етихад“. Гвардиола во Сити дојде во 2016 година.

Гвардиола се понуди да им ги покрие трошоците на навивачите кои за да го внесат транспарентот платиле 1.000 фунти.

„Нека ми ја донесат сметката јас ќе платам. Не сакам да трошат пари на вакви работи, што да кажам? Ви благодарам многу“, изјави Гвардиола.

Тој го постигна најголемиот успех во клупската историја на Сити, вклучувајќи четири последователни титули во Премиер лигата. Сити шест пати беше шампион во последните седум години, а во 2023 година ја освои тројната круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Со Гвардиола, Сити освои и два ФА Купа, четири Лига Купа, три Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Вкупно освои 18 трофеи во осум сезони на „Етихад“.

Минатата година тој рече дека е „поблиску“ до заминување, но одби да биде конкретен за неговите планови.

Share
Scroll to Top