Надал елиминиран од Томпсон во Бризбејн

Надал елиминиран од Томпсон во Бризбејн

пред 11 месеци

Џордан Томпсон го елиминираше Рафаел Надал во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Бризбејн. Австралиецот, успеа да спаси три меч топки во вториот сет и потоа по три часа и 28 минути игра го победи шпанскиот тенисер.

Рафа Надал, по пауза од 349 дена му се врати на тенисот. Успешно ги мина првите две рунди во Бризбјен (Тим и Кублер), но третата пречка еднаоставно не можеше да ја совлада.

Џордан Томпсон со храбра и пред се упорна игра дојде до најголемата победа во кариерата. Австралиецот со пресврт славеше над Надал 5:7, 7:6, 6:3.

Првиот сет го доби Надал и покрај тоа што имаше брејк минус. Томпсон водеше 4:3, но во тој момент не го издржа притисокот.

Во вториот сет Австралиецот успеа да спаси три меч топки, една на свој сервис прирезултат 4:5 и две во тај брејкот при резултат 4:6.

Третиот сет го реши брејкот на Томпсон во четвртиот гем, а веднаш потоа Надал побара медицинска помош поради болки во битниот мускул на левата нога.

Томпсон во полуфиналето ќе се сретне со Димитров, додека втората полуфинална двојка ја формираа Савјулин и Руне.

Share
Scroll to Top