Рафаел Надал за 127 минути игра избори пласман во осмина-финалето на Ролан Гарос. Во походот на 14.титула во Париз, Надал во третата рунда го победи Камерон Нори со 6/3, 6/3, 6/3.
Надал ја забележа 103 победа во 105 настап на Ролан гарос. Шпанецот, со овој триумф стана играч со најмногу победи на еден од четирите гренд слема. Надал го урна рекордот на Роџер Федерер. Швајцарецот, во кариерата, 102 пати победил на Австралија опен.
Противник на Надал во осмина-финелто ќе биде талентираниот италијански тенисер Брајан Синер. Синер, во три сета, беше подобра од Микаел Имер.