Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.