Фудбалерите на Наполи на „Сан Сиро“ го добија дербито против Милан со 1:0. Наполи по пауза од седум натпревари победи на гостински терен, додека Милан полека ја губи трката со Интер за титулата. Екипата на Стефано Пиоли по ова коло има девет бода помалку од Интер.
Дербиот во Милано, не донесе многу возбудувања. Решавачкито момент се случи во 49.минута кога Зјелински со длабинска топка го проигра Политано, кој не шутираше добро но сепак успеа да го совлада Донарума.
По голот Наполи се повлекоа на својата половина и чекаа можност од контра да го нападнат пртивникот. Милан од поголемиот посед не доби ништо. Некакви полу-шанси имаа Ребиќ и Леао.
Хрватскиот репрезентативец на теренот влезе во 60.минута, а во 92. доби црвен картон.