Натпреварот против Македонија му беше последен во кариерата – Легендарниот Шмид замина во пензија

Натпреварот против Македонија му беше последен во кариерата – Легендарниот Шмид замина во пензија

пред 10 месеци

Легендарниот швајцарски ракометар Енди Шмид (40) објави дека става крај на својата кариера.

Средниот бек последниот натпревар во кариерата го одигра на Европското првенство против Македонија. Тој меч Швајцарија го загуби со 27:29.

Шмид ја започна својата кариера во Грасхоперс во 2004 година, а неговите најдобри години беа во Рајн Некар Ловен, каде играше од 2010 до 2022 година. Во тој период пет пати беше прогласуван за најдобар играч во Бундеслигата и два пати беше шампион на Германија.

За Швајцарија забележа 218 настапи и постигна 1.094 голови, но не успеа да постигне значителен успех на репрезентативно ниво.

Последните две сезони настапуваше за швајцарскиот клуб Криенс-Луцерн.

Share
Scroll to Top