На големо изненадување, Лоренцо Мусети беше прогласен за најдобар спортист на годината во Италија, во изборот на весникот „Газета дело спорт“.
Сите очекуваа дека тоа ќе биде вториот тенисер во светот, Јаник Синер, кој освои две гренд слем титули оваа година, а сезоната ја заврши со трофеј на последниот Мастерс турнир во сезоната.
„Лоренцо Мусети, кој годинава влезе меѓу првите десет во светот, е последниот поет со рекет во рака. Тој е вистински пример за тоа што може да произведе комбинација од класа и пот. Велат дека тој е сè уште необработен талент, дека се пробил меѓу првите 20 кога имал само 21 година како да е детска игра.
Оваа година Лоло (прекарот на Мусети) ги задоволи вкусовите дури и најпребирливите. Во фантастичната 2025 година, тој беше крунисан на повеќе начини. Деби во првите десет, прво финале на Мастерс 1.000, прво пласман на завршниот турнир во сезоната во Торино. Затоа е добитник на наградата за спортист на годината што ја доделува „Газета“.
Можеби причината за оваа одлука може да се види во фактот дека Синер, за разлика од Мусети, одлучи да не игра за својата репрезентација.
Италија и без Синер успеа да го одбрани трофејот во Дејвис купот, а Мусети го понесе поголемиот дел од товарот.
Foto/ depositphotos






