Најскапиот играч на Ајакс нема да игра во Лига Европа

Најскапиот играч на Ајакс нема да игра во Лига Европа

пред 4 години

Најскапиот играч во историјата на Ајакс, Себастијан Але, нема да настапува за холандскиот великан оваа сезона, во Лига Европа. Поради грешка на клупската администрација напаѓачот не бил ставен на спискот на играчи, кое е доставен во УЕФА.

Ајакс, пред две недели на Вест Хем, му платија околу 23 милиони евра за францускиот напаѓач. Со сумата што ја уплатија, Але, стана најскапиот играч во историјата на славниот клуб.

Сепак, поради бизарна грешка, тој нема да може да им помогне на соиграчите во нокаут-рундата, во Лига Европа.

На луѓето од Ајакс не им е јасно како се случило неговото име да го нема на списокот кој е бил испратен во УЕФА.

„Точно е дека Але не е на списокот, се обидувам да дознаам зошто. Во контакт сме со УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Холандија, се обидуваме да го решиме проблемот. Не е јасно како се случила оваа грешка, се надевам дека ќе го решиме проблемот и дека Але ќе игра во Лига Европа“, рекол тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.

Share
Scroll to Top