Не одиграа ниту еден натпревар дома, а се пласираа на Светското првенство

Не одиграа ниту еден натпревар дома, а се пласираа на Светското првенство

пред 2 часа

По 52 години, фудбалската репрезентација на Хаити, повторно ќе игра на Светското првенство.

Во решавачкиот натпревар, Хаити ја победи Никарагва (2:0) со головите на Дедсон и Провиденс и со тоа заврши како лидер во квалификациската група Ц, во зоната КОНКАКАФ пред Хондурас.

Можеа да изборат пласман и со нерешен резултат, бидејќи Хондурас одигра нерешено против Костарика (0:0), но решија да не ја остават својата судбина во туѓи раце, бидејќи облогот беше да се вратат на најголемата сцена по повеќе од половина век.

Приказната на оваа репрезентација е уште поголема, ако се знае дека не одиграа ниту еден натпревар на домашен терен во овие квалификации.

Од атентатот врз претседателот Жовенел Моиз во 2021 година, во земјата постојано се водат војни на бандите кои се борат за превласт. Главниот град Порт-о-Пренс е 85 проценти под нивна контрола, додека минатата година го „презедоа“ националниот стадион, пишува „ESPN“.

Во вистинска смисла на зборот, не одиграле натпревар како домаќини повеќе од четири години, но ништо од тоа, дури ни поплавите и лошото време што никогаш не ги заобиколуваат, не ги спречија да се пласираат на завршниот турнир по втор пат во нивната историја.

Покрај Хаити од зоната КОНКАКАФ, пласман на СП изборија Курасао и Панама, додека патото до Мундијалот преку интерконтиненталниот баражот ќе го бараат Јамајка и Суринам.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top