Неверемето го прекина Охридскиот маратон – Тројца победници во машка конкуренција, кај дамите победи Ајлин Лука

Неверемето го прекина Охридскиот маратон – Тројца победници во машка конкуренција, кај дамите победи Ајлин Лука

пред 1 ден

Силното невреме што попладнево го зафати Охрид ги спречи учесниците на 38. Охридски пливачки маратон да стигнат до целта. По 4,5 часа пливање трката беше прекината во 14:30 часот од безбедносни причини поради силните бранови, ветрот и грмотевици. Ова е прв пат во седумдецениската историја маратонот во Охрид да биде прекинат.

Во моментот кога маратонот беше прекинат во машка конкуренција израмнети на првото место беа италијаните Матео Фурлан и Федерико Тамборино и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Согласно пропозициите тројцата се прогласени за победници на маратонот.

Во женска конкуренција водечка беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина која е прогласена за победничка. Второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија. Четврта на прекинатиот маратон заврши нашата Росана Гошева.

Наградите на победниците им беа врачени на свечена церемонија што ја организира претседателката на Република Македонија Гордана Силјаноска – Давкова, која е покровител на Охридскиот пливачки маратон кој го помогнаа и Министерството за спорт, Општина Охрид, Пливачката асоцијалција на Македонија и бројни спонзори.
Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон оваа година изнесуваше 15.000 евра.

Извор/ ohridnews.com
Фото/ Анамарија Момироска

Share
Scroll to Top