Неговата плата е товар за клубот – Јувентус ќе се разделат со Роналдо

Неговата плата е товар за клубот – Јувентус ќе се разделат со Роналдо

пред 4 години

Италијанските медуми повторно ги пласираат информациите дека Кристијано Роналдо ќе замине од Јувентус. Во услови на финансиска криза, која ја предизвика коронавирусот, платата на Португалецот претставува голем товар за клубот.

Кристијано Роналдо наскоро ќе наполни 36 години, има договор со Јувентус до 30.јуни 2022 година и годишна плата од 31.000.000 евра.

Медиумите на Апенините пишуваат дека Јувентус немаат храброст да му понудата нов договор, имале план како да го продадат по завршувањето на сезоната и од продажбата да заработат 100.000.000 евра.

Роналдо пристигна во Јувентус во 2018 година, со цел да му помогне на клубот да ја освои Лигата на шампионите. Не успеа во намерите во претходните две сезони, а како стојат работите и оваа сезона трофејот во елитното натпреварување ќе биде невозможна мисија за „старата дама“.

Share
Scroll to Top