Некогаш најдобра тенисерка во светот осудена на две години затвор

Некогаш најдобра тенисерка во светот осудена на две години затвор

пред 11 месеци

Поранешната светска тенисерка број еден Аранча Санчез и нејзиниот поранешен сопруг се прогласени за виновни за измама, одлучи шпанскиот суд.

Судот со седиште во Барселона утврди дека Санчез и нејзиниот поранешен сопруг криеле имот во обид да избегнат да платат долг од неколку милиони евра кон банка во Луксембург.

Четирикратната грен слем победничка е осудена на две години затвор, но нема да заврши зад решетки. Таа претходно се договори со обвинителството да ја признае вината во замена за да добие помала казна.

Нејзиниот поранешен сопруг Џозеф Сантакана е осуден на три години и три месеци затвор.

Двајцата, сепак, ќе треба да платат 6,6 милиони евра.

Да потсетиме, Санчез во својата кариера го освои Ролан Гарос во 1989, 1994 и 1998 година, односно Ју-ес опен во 1994 година.

Share
Scroll to Top